Гостивар
ОЈО Гостивар поведе истрага против дилери на дрога

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од селото Калиште, на возраст од 40 и 43 години, осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
„Двајцата соизвршители биле затекнати во близина на основното училиште во селото Зубовце, гостиварско, во вечерните часови на 12 април, а по извршениот личен преглед полициските службеници кај првоосомничениот пронашле 12 помали пакувања наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 4,83 грама, додека кај второосомничениот биле откриени две пакувања со вкупно 0,77 грама кокаин.“, соопшти обвинителството.
Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022