Поврзи се со нас

Вести

Србија ја крена рампата за зејтинот, надлежните апелираат граѓаните да не прават залихи

Објавено

на

Српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење во земјава со што увозниците веќе можат да набавуваат зејтин од Србија. Надлежните смируваат дека масло за јадење ќе има и апелираат граѓаните да не складираат залихи.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера изјави дека ќе има доволно количини на храна, брашно и зејтин и дека нема место за паника. Истакна дека се прават напори за обезбедување на доволни количини на суровини и на производи кои се стратешки за државата.

-Донесена е одлуката од српска страна за извоз. Два милиона литри зејтин од утре ќе бидат на располагање. Нема потреба од паника. Граѓаните да не се плашат и да не се грижат, има доволно зејтин за сите. Ова е прв увоз, веќе ја дизајнираме втората одлука зависно од потребите. Ова е одлука која се однесува за потребите од еден месец, но пред да помине тој период веќе се разговара за можности за дополнителен увоз, истакна вчера Николовски, додавајќи дека состојбите се следат и дека комуникацијата со српските власти е континуирана.

Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, според Николовски, говори дека домаќинствата непотребно прават залихи.

-Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Николовски.

Од средата, Владата ја ограничи продажбата на маслото за јадење на пакети така што секој купувач ќе може да купи сончогледово масло за јадење во трговските објекти во мали количини, а не цели пакети. Одлуката ќе важи до 31 мај годинава. Одлуката е донесена поради значајниот пораст на купување масло за јадење од страна на домашните и странските купувачи со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

– Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат, велат од Министерството за економија.

Од друга страна, досега не се активирани стоковите резерви, а причината за тоа, како што вчера изјави министерот за земјоделство, е поради тоа што според Министерството за економија има доволно суровини и репроматеријали. Се разгледува можноста оризот да биде ставен во стоковите резерви.

– Разговараме кои дополнителни земјоделски производи бараме да влезат, како што е оризот и некои други. Макотрпно се работи на тој процес. Имавме средби со Министерството за финансии, но од она што го знам, резервите досега не се ставени во функција зашто Министерството за економија соопшти дека има доволно залихи и дека е направен увид во компаниите кои се дел од нивните регистри, изјави вчера Николовски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 8 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 12 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 13 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 14 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 16 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 17 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 18 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 19 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена