Гостивар
Околу 1.200 вакцинирани против грип во Гостивар, вирусот веќе кружи меѓу граѓаните

Според податоците од Институтот за јавно здравје во Гостивар вакцина против грип сезонава примиле околу 1.200 граѓани. Вкупно во земјава пак, се вакцинирале скоро 32.800 лица. Имунизацијата на населението започна на 19 октомври. Бесплатна доза им следува на ранливите категории и тоа: хронично болни, лица над 65–годишна возраст, бремени жени, детска популација од 6 месеци до 6 години по здравствена индикација и здравствени работници. Останатите заинтересирани си ја плаќаат.
Изминатиот месец веќе и официјално беа регистрирани првите случаи на грип на гостиварското подрачје. Статистиката на ИЈЗ за периодот од 24 до 30 октомври покажува дека вирусот продолжува да се шири. Од 15 евидентирани случаи на грип во земјава, 6 се во Гостивар, 5 во Тетово, додека Струмица и Прилеп имаат по еден.
Во однос на возраста, од 15-64 години регистрирани се 13 лица и од 5-14 години – 2.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 5 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава