Вести
Полицијата со апел до гостиварските возачи: Не возете брзо и почитувајте ги правилата!

Ниските температури во раните утрински и доцните вечерни часови, како и повремената магла на поширокото тетовско-гостиварско подрачје, уште повеќе ја наметна потребата од внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот, предупредува Секторот за внатрешни работи.
Токму поради пребрзо возење, влажен и лизгав коловоз и непочитување на сообраќајните знаци деновиве се случија десетина сообраќајни несреќи со телесни и тешки повреди и со значителна материјална штета. Полицијата апелира до возачите, посебно до неискусните, непотребно да не брзаат и доследно да се придржуваат на ограничувањето на брзината, да не престигнуваат на недозволени места и да избегнуваат конзумирање алкохол кога седнуваат зад волан.
Казните за брзо возење се движат од 10 до 400 евра, зависно од тоа – колку и каде е пречекорена дозволената брзина, но се практикува и времена мерка-одземање на возачката дозвола од три до 12 месеци. Казните за непрописно престигнување, пак, изнесува од 20 до 300 евра со времена мерка, исто така, од три до 12 месеци. Возачите кои ги управуваат своите возила под дејство на алкохол ги очекуваат казниод 200 до 375 евра и времено одземање на дозволата во траење од една година.
СВР Тетово, исто така, препорачува возачите кои ќе се движат по долината на Радика да внимаваат на одрони од камења.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!