Гостивар
Општина Гостивар бара поголемо присуство на полицијата околу училиштата
Редот и мирот во училиштата во Гостивар е на релативно задоволително ниво, не се регистрирани голем број инциденти меѓу учениците, но како превенција потребно е поголемо полициско присуство околу школските објекти. Ова се дел од заклучоците од денешниот состанок меѓу претставниците на Општина Гостивар, полицијата и училишните раководства, на кој се дискутираше за безбедноста во гостиварските училишта.
„Го користиме овој состанок да побараме уште еднаш од полицијата да биде поприсутна во основните и во средните училишта, наутро кога децата пристигнуваат, на големите одмори, и попладне кога завршуваат. Колку што е потребно во основните, двапати повеќе е потребно во средните затоа што се поголеми децата и полицијата како фактор е навистина неопходна зашто им влијае врз однесувањето. Ние имаме добра соработка, и сите заедно треба да продолжиме да делуваме за да има што помалку несакани случаи во училиштата“, подвлече раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.
Командирот на ПС Гостивар, Гази Абдураими оцени дека соработката со сите директори на училиштата е на задоволително ниво и дека полицијата ја следи состојбата во образованите установи.
„Секој ден во кругот на училиштата има полицајци и состојбата се следи. Ние стоиме на располагање 24 часа за децата, тоа се и наши деца. Според план, заедно со крим полиција вршиме и контроли во комбињата кои ги превезуваат учениците и таквите контроли ќе продолжат и понатаму“, рече командирот.
Градоначалникот Арбен Таравари истакна дека безбедноста на учениците за локалната самоуправа е приоритет.
„Ние ќе го даваме својот максимум се со цел сите процеси во образованиот систем да течат така, како што треба. Во новата учебна година немало некое поголемо нарушување, но секако, секогаш е подобро да се превенираат ваквите појави, отколку да настанат, па да бараме кој е виновник и зошто се случило. Тоа е и целта на денешната средба, да дискутираме како можеме да ги превенираме заедно“, нагласи градоначалникот.
На состанокот особено се потенцираше потребата од повеќе полицајци во делот кадешто се наоѓаат трите средни училишта, гимназија, медицина и економско, со оглед на големата фреквенција на ученици при смените и големите одмори. Исто така, се отвори и проблемот со кучињата скитници, кои честопати во голем број ги има околу училиштата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!