Гостивар
Прес на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар: Празни обвинувања на претседателот на ОО СДСМ Гостивар заради лош рејтинг и изборни резултати

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, Гоце Димовски попладнево одржа прес конференција како одговор на објавената реакција на претседателот на ОО на СДСМ, Игор Велјаноски за доделената благодарница по повод 18 Ноември. Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Димовски од пресот во целост:
„Очигледна е паниката и нервозата кај претседателот на општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз во Гостивар. Во текот на вчерашниот ден, бевме сведоци на паушална прес конференција на претседателот на ОО на СДС – Гостивар, која истата беше составена од празни флоскули и празни обвинувања. Целта на оваа денешна прес конференција, е запознавање на јавноста со факти и аргументи, наспроти празните фоскули и празните обвинувања. Имено, како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ, во советот на општина Гостивар, пред секоја наша иницијатива, барање или идеја, кое писмено го доставуваме до советот, секогаш се консултираме и разговараме, со сите засегнати соодветни лица или организации.
Во почетокот на месец декември 2022 година, како советничка група, имавме официјална средба со претставниците на општинската организација на Сојузот на борците од Гостивар, каде што ја пренесовме нашата идеја односно иницијатива, 18-ти ноември – Денот на ослободување на Гостивар од фашистичкиот окупатор, да биде дел од програмата за активностите на општина Гостивар од областа на културата, се со цел доследно прославување на овој важен датум за сите нас.
Врз основа на средбата со претставниците на општинската организација на сојузот на борци – гостивар, од наша страша беше поднесено писмено барање до Советот на општина Гостивар – еве го барањето во оригинал.
Согласно, покажаното барање може да се потврди кој официјално ја поднесол иницијативата за 18-ти ноември до Советот на општина Гостивар. Исто така, на седницата одржана во месец декември 2022 година, од моја страна, како координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на доставеното писменото барање, прв јавно побарав од сите колеги советници да ја поддржат иницијативата – 18-ти ноември да биде дел од програмата за активностите на општина Гостивар од областа на културата. Истото може да се утврди од самиот записник од истата седница кој го гледате.
Во однос на добиената благодарница по повод 18-ти ноември, сакам да ја информирам јавноста дека благодарницата ми е доделена по предлог и од страна на општинската организација на Сојузот на борците – Гостивар.
Воедно, сакам да ја информирам јавноста дека овие напади од празни флоскули, се ништо во споредба што она во континуитет го прават одредени поединци од највисокото раководство на ОО на СДС – Гостивар, кон мене и кон мои блиски соработници – пред се приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ.
На крај, сакам да ја информирам јавноста дека овие празни обвинувања од страна на претседалот на ОО на СДС – Гостивар кон мене како претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, се поради резултатот на последните локални избори за советници во 2021 година во Гостивар и поради нивниот евидентен слаб политички рејтинг согласно сите досегашни официјални анкети.“
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог