Гостивар
Општински натпревар по прва помош во Гостивар – медицинарите најдобри
Во Гостивар се одржа 36-тиот општински натпревар по прва помош, на кој учествуваа седум екипи од гостиварските средни училишта. Настанот традиционално го организираше Општинската организација на Црвениот крст.
Средношколците ги покажаа своите знаења и вештини за справување во случај на итна потреба од помош на повредени и болни лица, а беа оценувани од страна на лекари судии.
„Како најуспешни на натпреварот се покажаа учениците од средното медицинско училиште, чии екипи го освоија првото и второто место. Третото и` припадна на екипата од Општинско средно техничко училиште. Екипите кои беа најдобри на општинскиот натпревар го закитија својот успех со пехари.“, информираат од Црвениот крст додавајќи дека ваквите натпревари се една од програмските активности на организацијата преку кои се гради натпреварувачки дух кај младите и едукација како да се снаоѓаат во ситуации кога е потребно да се пружи помош на повредени и болни лица.
Од Општинската организација упатија благодарност до Монтенегро маркетите за соработката и младите волонтери кои беа дел од овој настан.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ