Гостивар
Отец Партениј хиротонисан за епископ
На свечена церемонија и празнична богослужба во храмот „Света Софија“ во Охрид, игуменот на Бигорскиот манастир, Архимандрит Партениј денеска беше хиротонисан за епископ Анатински.
Вчера пка, во свештената Бигорска обител беше извршено наречението за епископ на Архимандрит Партениј.
Отец Партениј е епископ на Дебарско-кичевската епархија, со титула „Епископ Антаниски“ (според македонскиот антички град Антанија, кој бил епископско седиште). Истовремено ја задржува и својата должност како игумен на Бигорскиот Манастир, каде што ќе биде и неговото постојано седиште.
Во неговата биографија пишува: Архимандрит Партениј (Зоран Фидановски) е роден на 29 октомври 1970 година во Битола, во македонско православно семејство, коешто ревносно ги негувало традиционалните христијански вредности, како и родољубивиот и слободољубив дух. Својот духовен пат, го започнува во средното богословско училиште „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје. Потоа, го завршува и истоимениот Православен богословски факултет во Скопје, со дипломска тема посветена на Свети Јован Претеча и Крстител.
Престојувал извесно време во манастирот Григоријат на Света Гора, а по враќањето во татковината, кон крајот на месец јули 1995 година, кога имал 24 години, со благослов на надлежниот Дебарско-кичевски митрополит г. Тимотеј, ја започнува својата монашка посветеност, за обнова и продолжување на вековната духовна традиција во древното македонско православно светилиште – Бигорскиот Манастир. Отец Партениј е замонашен на 5 август 1995 година. Веќе следниот ден по примањето на монашкиот потстриг, ракоположен е за јероѓакон, а истата година, на 9 август, во охридскиот храм на Пресвета Богородица Перивлепта – и за јеромонах. Следната година, на празникот Рождество на Свети Јован Крстител, е ракопроизведен за игумен, а во 1998 година е одликуван со граден крст, со архимандритско достоинство.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди