Поврзи се со нас

Занимливости

Зошто комарците сардисуваат некои луѓе, а некои воопшто не ги каснуваат?

Објавено

на

Комарците навистина бираат кои луѓе би ги каснале, а оваа објава го објаснува токму тоа. Кои луѓе и поради што, им се омилени на малите крвопијици.

Има доста митови зошто комарците некои луѓе ги напаѓаат повеќе, а од некои бегаат како ѓавол од темјан.

Науката се потруди да даде одговор на прашањето.

Луѓе со крвна група нулта
Луѓето кои имаат крвна група О, за комарците се вистинска гозба. Научниците од Националниот институт за здравство во Соединетите Американски Држави, го покажаа ова со тестирање на 64 луѓе со различни крвни групи. Комарците се залетувале кај оние со О крвна група.

Трудници
Кога жените се бремени, нивното тело произведува значително повеќе топлина, што многу и ги привлекува комарците. Во една од бројните студии за начинот на кој се пренесува маларијата, докторите откриле дека бремените жени дури два пати повеќе се привлечени  за комарците. Гледано по полови, комарците повеќе напаѓаат жени.

Алкохол
Научниците на 11 мажи им дале да испијат 3,5 децилитри пиво, а еден не се напил ниту капка. Потоа го испитувале и мереле уделот на алкохолот во потта на кожата и бројот на каснувања на комарци. Ова интересно истражување резултирало со заклучок дека комарците, покрај тоа што цицаат крв, исто така, уживаат и во алкохолот во крвта.

Пот и непријатен мирис
Потта и непријатниот мирис за комарците е исто како и црвеното платно за бик. Научниците потврдија дека индивидуални човечки тела лачат мириси кои ги привлекуваат комарците, но и мириси што ги одбиваат. Тие се обиделе да ги изолираат факторите, сепак засега не е познато кои точно мириси на телото ги одбиваат. Пот и смрдеа, дефинитивно ги привлекуваат. Освен то, бојата на облеката на човекот може да влијае врз тоа колку ќе биде каснуван од комарци. Покрај миризбата, комарците се служат и со сетилото за вид да ја забележат жртвата, па така носењето на полесно забележливи бои, исто така може да ве обележи како цел.

Кожните бактерии
На нашата кожа опстануваат многу бактерии кои емитираат мириси, некои од нив ги привлекуваат комарците некои ги одбиваат. Се уште не е познато кои бактерии ги лачат супстанциите кои ги привлекуваат комарците, но евидентирано е дека некои лица кои имале одредени бактериски алергии на кожата се одбојни за малите крвопијци.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена