Македонија
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“

Од вчера, 1 јуни, официјално започнува новиот режим на риболовната сезона за спортско – рекреативен риболов во водите на Националниот парк Маврово.
- Во водите на Мавровското езеро, риболовот е дозволен секој ден до 30 октомври, 2022 година.
- Во водите на река Радика и нејзините притоки, риболовни денови се петок, сабота, недела и државни празници се до 30 септември, 2022 година.
Од ЈУНП „Маврово“ најавуваат засилени контроли за време на целата риболовна сезона, со цел заштита од недозволен риболов и почитување на правилата и Законот за риболов и аквакултура.
Риболовните дозволи за спортско-рекреативен риболов за 2022 година се издаваат исклучиво со приложување на риболовна легитимација со доказ за подмирено членство за 2022 година. Дозволи може да се набават во Информативниот туристички центар во Маврови Анови, а дневна риболовна дозвола може да се купи и преку електронски систем на следниот ЛИНК.
Цените за оваа риболовна сезона се:
Дневна риболовна дозвола 200,00 ден.
Седумдневна риболовна дозвола 1000,00 ден.
Петнаесетдневна риболовна дозвола 1700,00 ден.
Годишна риболовна дозвола 4000,00 ден.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 2 месеци
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава