Гостивар
ОУ „Единство“ Гостивар со настан во чест на книгите и мултикултурализмот

Да има меѓусебна почит, другарување, разбирање и да се развиваат навики за негување на љубовта кон книгите и читањето. Вакви беа пораките кои денес ги испратија учениците од гостиварското основно училиште „Единство“ на настан организиран како Отворен ден за Граѓанско образование.
Основците ги пречекуваа наставниците и другите гости со голема книга која самите ја изработиле, а во која беа вметнати убави мисли и мотивирачки цитати за пишаниот збор. Исто така, на присутните им делеа и ливчиња со кратки инспиративни пораки.
„Ова е еден мултиетнички настан преку кој се поттикнува дружба, соработка меѓу учениците од различна националност и јазична припадност. Децата беа многу посветени и со големо внимание и задоволство работеа на подготовка на сите активности. Темата за читањето и книгите ја избраа заеднички.“, рекоа од училиштето.
Програмата за презентација беше исполнета со литературни творби од децата (на македонски, албански, турски и ромски јазик), видео презентации, драмска изведба и слично, сето тоа во духот на најголемото богатство за умот на човекот-книгата.
Во склоп на активностите се роди и библиотека со донирани книги на сите јазици, кои децата и наставниот кадар може да ги читаат кога и да посакаат.
Настанот беше организиран под менторство на наставничките Марина Апостолоска и Лумније Сулејмани Абдули.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог