Поврзи се со нас

Вести

ОУ „Единство“ новата учебна ја стартува со нов инвентар и обновена котлара

Објавено

на

 

Основците од училиштето „Единство“ во Гостивар оваа учебна година седнуваат во нови клупи и столчиња. Набавени и поставени се 270 клупи и 540 столчиња. Освен тоа, извршена е и интервенција на старата котлара во системот за парно греење, со што ќе се овозможи поефикасно и поекономично затоплување на училниците во зима. Парите за овие инвестиции се обезбедени од општината и од Министерството за образование.

„Ги направивме сите подготовки за успешен почеток на учебната година. На првачињата, кои за прв пат седнуваат во училишните клупи и на сите ученици им посакувам многу успех, а упатувам благодарност и до сите наставници кои својата работа и обврски си ги вршат со голема љубов и задоволство“, рече директорот на училиштето, Мерсел Садику.

Градоначалникот Невзат Бејта својата честитка и порака по повод новата учебна година ги испрати токму од ова училиштео, кое го посети денес.

„На учениците им посакуваме многу здравје и успех. Ние како општина инвестираме во училиштата за нашите деца да имаат добри услови да се едуцираат, затоа што тие се иднината на нашиот град“, изјави Бејта.

Во централното училиште „Единство“ и неговите подрачни училишта настава посетуваат вкупно 1.340 деца.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена