Рецепти
Овој Велигден домот нека ви замириса на мека велигденска погача

Семејниот ручек за христијанскиот празник Велигден традиционално е богат, со неизбежно месо, салата со велигденски јајца и по некој друг специјалитет кој ја краси трпезата. Да ја надополните празничната атмосфера и домот да ви замириса убаво можете да подготвите и велигденска погача на следниот начин…
Состојки:
350 гр. брашно
30 гр. шеќер
1 лажичка сол
1 лажица масло
100 гр путер (половина за премачкување)
35 гр. сув квасец
200 мл млеко
2 јајца
Подготовка:
Во поголем сад измешајте 250 гр брашно, шеќер, сол и квасец. Во посебен сад загрејте ги млекото и путерот додека не се растопат и соединат, па додадете ги во смесата со брашното. Додадете 2 јајца и преостанатото брашно и сè добро измешајте. Извадете го тестото од садот и месете го додека не стане меко и еластично. Потоа премачкајте го со малку растопен путер, покријте го со кујнска крпа и оставете го на топло место да стаса еден час. Кога волуменот ќе се удвои, поделете го тестото на два еднакви дела и оставете ги да отстојат уште 10 минути. Потоа, секој дел развлечете го, поделете го на три ленти и направете плетенки.
Поврзете ги плетенките во круг, со четка одозгора ставете путер и по желба посипете со сусам. Покријте со топла кујнска крпа и оставете да отстои 45 минути.
Погачата печете ја во загреана рерна на 180°C околу 30 минути. Кога ќе биде готова за декорација можете во средината да ставите велигденско јајце.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение