Гостивар
Парите од хуманитарниот хепенинг во Гостивар се донираат за лекување на младо момче
Тридневниот хуманитарен хепенинг во Гостивар, кој израдува голем број деца, па и возрасни, ја исполни својата мисија. Радост и предновогодишна атмосфера во градот и помош за таму кадешто е потребна. Во рамки на проектот, на плоштадот гостиварци имаа можност да се дружат и фотографираат со Дедо Мраз и со кловн, да оставаат средства во кутијата за донации и да си изберат ракотворба со новогодишни мотиви.
Рачните изработки коишто беа изложени на штандот ги изработија средношколците Давор Ефтоски, Радица Стојкоска, Анастасија Јанкоска, Мартин Новаковски, Ана Марија Исајловска, Ива Крајоска, Виктор Тасески и Мате Василевски, како и дечиња од гостиварските градинки.
„По долгото време на социјална дистанца поради ковид пандемијата, сакавме да ги вратиме радоста и насмевките кај граѓаните на Гостивар и најмногу кај децата. Воедно и да помогнеме на некој што има потреба. Децата се фотографираа со Дедо Мраз и со кловн, потоа во кутија за донации оставаа пари според можноста, а од штандот со рачни изработки, честитки си избираа сами подарок. Кога го почнавме проектот не знаевме за што точно ќе ги донираме парите, но потоа децата кои беа учесници во проектот одлучија парите да се донираат за да се спаси еден млад живот, Венко Атанасовски на кого итно му е потребна операција.“, рече Валентина Тасеска, од Здружението „Анисија“, кои се организатори на активноста.
Тасеска изрази благодарност до децата учесници во проектот, како и до сите фирми и поединци кои дадоа своја поддршка.
Здружението ќе се стреми хуманитарниот хепенинг да прерасне во предновогодишна традиција на Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот