Вести
Партиите заборавија да ги одлепат плакатите од изборите
Иако изборите се далеку зад нас, глетката што ги среќава гостиварци низ повеќе делови од градот, носи впечаток како да сме среде кампања. Насмеаните лица на политичарите од изборните плакати, сакале ние или не, се` уште не следат. Во предизборието, партиите трчаа да ги постават во што поголем број, да фатат што повидно место. Но, сега никој не се сети да ги отстрани, да исчисти зад себе, така како што предвидуваат законските одредби.
Според изборниот законик, партиите се должни да ги отстранат плакатите и слични материјали користени во кампањата како и сметот од нив. Таа обврска треба да ја исполнат во рок од 30 дена по завршувањето на изборите.
Непочитувањето на ваквите законски одредби било случај и во претходните изборни кампањи. Речиси секогаш партиите ги оставаат плакатите таму кадешто ги поставиле за да ги ловат гласовите на граѓаните.
Како што забележавме, дури и на билборд на кој поставувањето реклама се плаќа, се` уште стои маркетиншки материјал од Предвремените парламентарни избори.
Членот 185 од Изборниот законик предвидува казна од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за организаторот на изборната кампања, ако во утврдениот рок не ги отстрани плакатите.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар