Вести
Учениците на планинарски марш до Шарски Води
Дваесетина ученици од основното училиште „Единство“ во неделата беа дел од планинарскиот марш кој се одвиваше од Гостивар до каналот Шарски Води на 1.300 метри надморска височина. Турата ја организираше гостиварскиот планинарски клуб „Бистра“ со цел да ги привлече младите кон убавините на природата и планинарењето.
„Маршот помина многу успешно. Децата со задоволство учествуваа и покажаа голем интерес и љубов кон планината. Во иднина планираме да вклучиме ученици и од другите училишта во Гостивар, да го искусат планинарењето и да ни се придружат на нашите планинарски тури“, рече Бобан Манчески, претседател на планинарскиот клуб „Бистра“.
Младите планинари во неделата тргнаа од пред Центарот за култура во Гостивар, се движеа преку селата Здуње и Долно Јеловце, а маршот долг 20 километри го завршија кај Шарски Води.
Свој продинес во организирање на турата дадоа наставниците од училиштето „Единство“, Велимир Ѓорѓески и Сузана Трајаноска.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар