Гостивар
Пешачи, нека одморат тастатурите – порачаа учениците од гостиварското економско училиште
Под мотото „Пешачи, нека одморат тастатурите“, средното економско училиште од Гостивар организираше пешачка тура од пред училиштето до селото Здуње, по патеката покрај реката Вардар. Настанот во кој учествуваа средношколци и професори од економското, беше по повод 15-ти октомври, Светскиот ден на пешачењето, а во рамки на проектот Мировно образование на Прва детска амбасада во светот “Меѓаши”.
„Целта ни беше да се отргнат учениците од мобилните телефони и компјутерите, имајќи предвид дека најголемиот дел од слободното време го поминуваат токму со тие уреди. Исто така, да се подигне свеста за практикување на физичка активност и која е клучна за нивното здравје. Прекумерното и неконтролирано користење на мобилните телефони и компјутерите предизвикува зависност, физички деформитети на телото и не остава простор за физички активности, коишто се толку потребни за младиот човек.“, велат од училиштето нагласувајќи дека заедничкото пешачење на учениците од сите три наставни јазици овозможува зближување, меѓусебно запознавање, градење соживот и заедништво.
Во рамките на овој проект, согласно акциониот план, тимот од СЕОУ Гостивар секој месец ќе организира различни акции со кои ќе придонесе за градење на мир, толеранција и соживот, како и враќање на подзаборавените морални човечки вредности.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград