Гостивар
Петнаесетина возачи во Гостивар и Тетово ќе платат казни оти возеле без појас

Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (28 март) од 10 до 16 часот спроведе уште една од серијата засилени сообраќајни контролни активности, во чие средиште беше користењето на сигурносни појасни и на мобилни телефони. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани вкупно 14 возачи (ТЕ-7 и ГВ-7) кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси.
Покрај ова, санкционирани се и 12 возачи (ТЕ) кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и 2 возачи (ТЕ) кои не поседувале возачки дозволи. Во рамките на вчерашната активност се контролирало и паркирањето во Тетово и биле санкционирани 11 непрописно, односно погрешно паркирани возила, кои набргу потоа и биле подигнати од тетовската „пајак-служба“. На сите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за некористење на појас изнесуваат 40 евра за возач и 50 евра во денарска противвредност за сопатник, а 40 евра, исто така, е и глобата за зборување на мобилен телефон при возење.
Секторот за внатрешни работи Тетово ги потсетува возачите задолжително да ги употребуваат сигурносните појаси без разлика дали се движат по градските улици или на отворен пат, но и да се воздржат од користење на мобилни телефони за зборување или пишување на пораки. Зашто, тоа им го одвлекува вниманието и така се изложуваат на ризик да предизвикаат сообраќајна несреќа, неретко и со посериозни последици.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение