Гостивар
Петочни состаноци во средните училишта во Гостивар за поголем ред и решавање на проблемите
Во гостиварските средни училишта отпочна серија на состаноци, во чие средиште се проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат учениците. На средбите се разгледуваат состојбите со безбедноста во училиштата, на младите им се укажува за опасностите од алкохол и дрога и се дискутира на разни теми што ги засегаат средношколците.
Таков состанок денес се одржа во средното техничко училиште.
„Присутни се претставници на МВР, Центарот за социјална работа, од училиштата, родители и Унијата на средношколци. Сметаме дека меѓусебната соработка и дискутирањето за состојбите во голема мера ќе помогне во надминување на некои проблеми во училиштата“, изјави Аслијан Снопче, раководител на Сектор за образование во Општина Гостивар.
Стручните лица сметаат дека со средношколската популација особено треба да се работи во насока на поголема почит кон професорите и посериозен однос кон училишните обврски.
„Младите се сега некоја нова генерација, генерација на телефони. За жал, мислат дека се` знаат и средното училиште го доживуваат како нешто веќе видено. Се ставаат во улога на возрасни, професори, некако да недостига почит и на тоа поле мора да се обрне големо внимание. Инаку, што се однесува до проблеми меѓу ученици од различни националности, може да кажам деке во нашето училиште нема такви инциденти, а ние сите и како стручна служба и професорите работиме многу со децата за да се биде во најдобар ред“, рече Кристина Јовановска, педагог во техничкото училиште.
Одржувањето на превентивни состаноци во средните училишта во Гостивар доби позитивни реакции од училишните раководства, родителите и самите ученици.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар