Поврзи се со нас

Гостивар

Пијани во училиште, пушење марихуана, тепачки – Состанок за загрижувачките појави меѓу учениците во Гостивар

Објавено

на

Насилството меѓу учениците, злоупотребите на дроги и малолетничката деликвенција беа темите на кои се дискутираше на денешниот состанок во Гостивар меѓу полицијата, училиштата и општината. Ваквите негативни појави се присутни особено кај средношколците, а институциите се сложија дека е неопходно заедничко дејствување и поголема едукација на децата за последиците за да се спречуваат несаканите случаи.

Полицијата побара поголемо внимание од професорите и педагошко-психолошките служби во каква состојба доаѓаат децата на училиште и што носат со себе, затоа што имало примери кога биле во алкохолизирана состојба. Од општината предложија повремено да им се проверуваат ранците, со оглед на тоа што се случува во училиште да носат опасни работи како боксирачи, ножеви и сл.

Што се однесува до наркотиците, годинава, полицијата на гостиварското подрачје има регистрирано два случаи во кои  малолетни лица извршиле кривично дело – продажба на дрога. Младите најчесто посегнуваат по марихуана, а особено загрижува фактот што ја користат и помали деца.

„Предничи злоупотребата на марихуаната, и тоа е особен проблем кој и ние како служба го регистрираме, најмногу кај средношколската популација, но тоа го има и кај деца од седмо, осмо и деветто одделение. Нас особено не` загрижува што во изминатите неколку години бележиме и случаи на злоупотреба на кокаин, исклучиво опасна психотропна супстанца.“, рече инспекторката Наташа Срезоска.

Психолозите од гостиварските училишта нагласија дека децата не се доволно информирани за сериозноста на последиците од злоупотреби на дроги и инволвирање во малолетнички криминал. Надлежните заклучија дека е неопходно да се организираат што повеќе работилници и предавања за едукација на учениците на тие теми.

Исправка

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 6 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 10 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 11 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 14 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 15 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 16 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 16 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена