Писма
ПИСМА: Читателка од Зубовце потресена од грозоморен чин на убиство на нејзиното куче

Милена Димитрова Герасимоска од селото Зубовце испрати порака до Gostivarpress.mk преку која сака јавно да ја изрази својата згрозеност, потресеност и страв од убиството на куче, кое таа со семејството го чувале како свој миленик девет години. Читателката нагласува дека кучето не било агресивно, не напаѓало, а завршило мртво со прострелна рана, по што било врзано, влечено со автомобил и фрлено.
„Нашето куче Ламуш ни беше домашно милениче веќе 9 години, член на семејството и верен пријател на мојата петгодишна ќеркичка. Тоа што се случи е нешто страшно. Кучето е украдено од нашиот двор, доцна после полноќ и бездушно на немилосрден начин му е одземен животот со пукање со пиштол, за потоа да биде врзано со автомобил, влечено и фрлено во полето. Зошто некој би направил нешто толку сурово. Кога некој го напаѓа миленикот, го напаѓа и сопственикот. Дали јас сега треба да се плашам за себе и за моето дете? Да го сфатам ова како некоја закана? Апелирам до сите надлежни инстиуции, да го пронајдат и санкционираат сторителот на ваквиот чин на немилосрдно убиство и измачување на миленичето“, реагира Марина.
Во својата порака таа пишува дека кучето и претходно во два наврати било напаѓано и повредувано.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден