Гостивар
ПИСМА: Жителите на Зубовце реагираат дека четврти ден се оставени без вода
Читатели на Gostivarpress.mk од селото Зубовце, Општина Врапчиште, испратија реакција во која наведуваат дека во селото нема вода повеќе денови. Граѓаните се револтирани поради тоа што се оставени без вода толку долго време и велат дека воопшто не биле известени за прекин во водоснабдувањето.
„Ова е срамно. Во 21 век да немаме вода четврти ден и тоа без никакво појаснување и информација. Се јавуваме во водовод да ги прашаме и слушаме само мизерни изговори, дека цевките биле полни со воздух, дека наскоро ќе дојде вода, но еве капка вода нема од четвртокот. Ако се сопрени вентилите, треба да обезбедат цистерни. Водата ни треба за се`. Почнуваме да се прашуваме дали ова намерно се прави. На ист водовод се Врапчиште, Галате и Зубовце. Во другите села колку знаеме водата не е сопрена, само во нашето и тоа веќе четири дена. Оставени сме да се снаоѓаме како знаеме и умееме без основното нешто за живот“, се вели во реакцијата од жители на Зубовце.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар