Поврзи се со нас

Македонија

Планинари се изгубиле на Шара, едниот паднал од карпа – Во тек е спасувачка акција

Објавено

на

Центарот за управување со кризи информира дека во тек е спасувачка акција за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба е, во подножјето на Титов Врв на Шар Планина. Последна информација е дека од МВР упатиле специјализиран тим со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага.

Настанот бил пријавен на 112. Едниот од планинарите прво пријавил дека на Титов врв, во реон 500м подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле. На другарот му се слошило и бил во лоша здраствена состојба, па побарал помош бара итно да се реагира. Потоа на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор.

Веднаш по добиената информација ЦУК преку Дежурниот оперативен центар РЦУК Тетовна стапил во комуникација со Министерството за внатрешни работи – СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка со коишто по куса координација, со едно теренско возило на Центарот за управување со кризи со човек на ЦУК од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово заедно со двајца полицајци од СВР Тетово се упатува кон Титов Врв на Попова Шапка. Во меѓувреме е стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната екипа на Тетово од каде што се упатени 4 пожарникари и специјализирано теренско возило на местото на настанот, за да помогнат. Истовремено, од ЦУК е координирано со Брзата помош од ЈЗУ Тетово и е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го превземат повредениот.

„Спасувачите од ангажираните институции вложуваат максимални напори заради ниските температури или евентуалните повреди на лицата за коишто немааме информација во која мера се повредени. Последна информација којашто ја добивме при координацијата на спасувачката акција е дека од МВР упатиле специјализиран тим со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага.“, информира ЦУК.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена