Поврзи се со нас

Вести

Планинарскиот клуб “Бистра” од Гостивар организира искачување на Солунска глава (2540 м.н.в)

Објавено

на

Во целост ви го пренесуваме соопштението на ПК Бистра:

Како што и беше најавено, овој викенд се организира тура на планина Јакупица, искачување на врвот Солунска Глава (2540 м.н.в). Патеката се карактеризира со средна тежина и време траење од околу 4 часа. Со цел сите заинтересирани да имаат можност да учествуваат на оваа тура, достапни се две опции:

1. Првата опција нуди тргнување во сабота (01.10) и искачување во два дена, со преноќување во планинарскиот дом Чеплес. Превозот се планира да биде со сопствени возила (по дополнителен договор и во зависност од бројот на пријавените). Тргнувањето е во 14:00 часот од пред културниот дом. Цените на сместувањето се 200 денари за во стариот и 300 за во новиот дел. Во цената не е вклучена храна, што значи секој треба да си понесе сопствена храна за двата дена.

2. Втората опција нуди тргнување во недела (02.10) со организиран превоз. Тргнувањето е во 04:00 часот од пред културниот дом. Цената на превозот е 600 денари (за ученици 400!). Храна и вода секој да си понесе во ранец.

Пријавувањето е заклучно со петок (30.09) до 21:00 часот на тел. 075/433-781 кај Бобан или во продавницата „Блесок“ кај Барок. За повеќе информации околу самата тура може да се обратите на тел. 070/551-812 кај Благоја.

НАПОМЕНА:
АКЦИЈАТА НЕ Е ЗА ПОЧЕТНИЦИ И ПЛАНИНАРИ СО СЛАБО ПЛАНИНАРСКО ИСКУСТВО. СЕКОЈ УЧЕСНИК ЗЕМА УЧЕСТВО НА СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ И ОДГОВАРА ЗА СВОЈАТА ПСИХОФИЗИЧКА ПОДГОТВЕНОСТ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена