Поврзи се со нас

Македонија

По килограм сезонско овошје неделно за секое дете во градинка

Објавено

на

Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и  јаболки во текот на пет месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно. Министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски денеска го најавија почетокот на програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје што ги вклучува сите градинки во државата и предвидува свежо сезонско овошје секој ден, за секое дете.

Со оваа програма на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе бидат опфатени 38 илјади деца од сите градинки во државата.

„Во соработка со компанијата Ново Нордиск и УНИЦЕФ и учество на претставници од релевантни институции, направивме измени во Правилникот за стандарди и нормативи за исхрана во градинките кои предвидуваат зголемен внес на свежо овошје и зеленчук. Потоа, месечната листа на јадење да биде секој ден различна, бидејќи нашето поднебје располага со богат избор на овошје и зеленчук, за подготовка на оброците во детските градинки“, изјави министерката Тренчевска при посетата на градинката „13-ти Ноември“.

Следна активност, како што посочи Тренчевска, е едукација за грижа и превенција на здравјето во детските градинки и во семејни услови преку соодветна и правилна исхрана. Со оваа едукација ќе бидат опфатени сите стручни профили – вработени во детските градинки, децата и родителите.

Министерот за земјоделство информираше дека на вчерашната седница на Владата била усвоена Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за годинава.

„Оваа програма е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880 илјади килограми овошје од прва класа и тоа најмалку 90 илјади килограми кајсии, 175 илјади и 500 килограми праски, 168 илјади килограми сливи, 74 илјади килограми круши, 370 илјади килограми јаболки. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм свежо сезонско овошје. Тоа е целта, децата да јадат свежо овошје кое е соодветно на сезоната во која се произведува“, изјави Николовски.

Следниот чекор е да се објави јавна набавка што ќе ја реализира Платежната агенција, при што едно од барањата ќе биде овошјето да се дава на градинките спакувано во мрежички.

Со цел овошјето да биде навистина свежо, предвидено е да се доставува до градинките еднаш неделно, во текот на следните месеци, заклучно со декември.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена