Поврзи се со нас

Гостивар

Почна со реализација планот за санација на кракот Гарска Река – Тресонче

Објавено

на

Почна со реализација патниот крак Гарска Река до село Тресонче, едно од најживописните села од областа Мала Река, општина Маврово и Ростуше.„На наша голема радост, одлучно започна со реализација дел од планот за санација на патниот крак Гарска Река – Тресонче, кој што беше подолго време планиран и потврден на трилатералниот состанок кој пред скоро време го одржавме со надлежните авторитети“, објавија од месната заедница.Моментно во тек е првата фаза од планот при што од страна на Националниот парк „Маврово“  и Комуналното претпријатие „Маврово“ се врши кастрење на вегетацијата крај патот и негово проширување со помош на механизација.

„Втората фаза е санација и подѕидување на критично обрушеното речно корито кое опфати и дел од патот. Во третата фаза ќе се изврши санација на асфалтот на сите точки каде е констатирано уништување и пропаѓање“, се наведува во објавата.Се изразува благодарност за надлежните што покажале подготвеност за решавање на ова прашање.„Изразуваме огромна благодарност до општина Маврово и Ростуше, НП „Маврово“ и секако нивните раководства за искажаното разбирање, одличната соработка, слух за нашите проблеми и агилност во изнаоѓање на решение“, се посочува во објавата.Селото Тресонче од каде потекнува познатиот Дичо Зограф, како што велат записите е „село  каде изгрејсонцето е најубаво“. Некогашните жители и нивните потомци ги имаат обновено старите и изградено нови куќи, а селото заживува од пролет до есен, а многу од нив тука доаѓаат редовно за викенди и празници.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена