Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар ќе добие нова Национална установа Галерија за музејска дејност

Објавено

на

Владата донесе Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар. Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај.

Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ – Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој, соопштија од владата.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена