Македонија
Почнува Саемот на книгата 2019, под мотото ЧИТАЈ!

Во ВИП-Арената „Борис Трајковски“ во Скопје денес ќе биде отворен 31. Меѓународен саем на книгата. Свои штандови ќе имаат седумдесетина домашни и странски издавачки куќи, а предвидени се и бројни промоции, тркалезни маси, средби со автори и други настани. За посетителите ќе бидат понудени разни изданија: белетристика, поетски книги, стручна литература, енциклопедии, литература за деца.
Во фокусот на годинешното издание ќе биде унгарската книжевност, која ќе биде претставена на штанд на Унгарската амбасадa. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со унгарските авторите Едина Сворен и Ласло Багоши.
Влезницата за Саемот чини 30 денари, додека за организирани посети на ученици е 20 денари. Работно време е од 10 до 20 часот.
Саемот на книгата 2019 ќе трае до 14 мај.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар