Здравје и убавина
Подгответе си ОГНЕН чај – за добар имунитет во пресрет на сезоната на вируси
Навлегувањето во есента вообичаено носи ризик од настинки, вирози и грип. На секој човек, без исклучок овој период му е потребно зајакнување на имунитетот, за организмот да може поефикасно да се бори против болестите. Неопходно е да се внесува храна богата со витамини и минерали, да се пијат доволно течности, да се намали стресот итн.
Има и многу домашни „лекови“ кои можете сами да си ги подготвите, а ќе ви помогнат во справување со вируси и бактериски инфекции. Секогаш е добро да направите нешто плус за вашето здравје! Ние овојпат ви предлагаме едноставен рецепт за напиток со кој ќе му дадете сила на телото и ќе го освежите имунолошкиот систем. Наречен е ОГНЕН чај:
Во половина литро вода, ставете да се проварат 2 тркалца ѓумбир. Нека вријат 5 минути, а потоа додадете половина лажиче куркума, промешајте и оваа течност користете ја за да прелиете кесички чај, најдобро од нане или зелен. Кога чајот малку ќе се излади, додадете мед и малку мелен црн бибер.
Ѓумбирот има противвоспалителни дејства, куркумата влијае како антиоксиданс, а црниот бибер грее, предизвикува потење и ослободување на токсините од телото. Медот е благодет за здравјето, особено во време на настинки и вируси.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар