Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Поднесени обвиненија за газдата, возачот на автобусот и уште четири лица за трагичната несреќа кај Ласкарци

Објавено

на

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против шест лица осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ во која 16 лица го загубија животот, а вкупно 38 патници се здобиja со тешки телесни и телесни повреди.

Соопштението на обвинителството го пренесуваме во целост:

„Во временскиот период од 02.07.2018 година до 13.02.2019 година, обвинетиот сопственик на фирмата превозник и обвинетото одговорно лице за возниот парк на превозникот, не се придржувале кон прописите за безбедност на автобускиот сообраќај за масовен јавен превоз. Иако биле свесни дека може да настапи штетна последица, предизвикале опасност за животот и телото на луѓето кои се превезувале во автобусот на критичниот ден на релација Скопје-Гостивар. Имено, сопственикот на компанијата превозник единствено поседувал задолжителен сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај, како услов за добивање лиценца за вршење превоз на патници. Сепак, иако бил должен како одговорно лице, тој не организирал ниту пак трајно вршел контрола над исполнувањето на пропишаните услови за работа на возачите и на техничката исправност на возилата, со што постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во исто време, тој не организирал ниту вршел контрола над целокупното работење на превозникот, не ги запознал возачите за придржување кон одредбите од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај, не обезбедил редовно преземање на податоците од тахографот и не водел евиденција и проверка на времето на управување со возилата за секој возач посебно. Иако знаел дека не смее, раководењето со возниот парк го препуштил на вториот обвинет, кој не поседувал сертификат за професионална компетентност во патниот сообраќај. Притоа, во превозникот не се водела соодветна евиденција на поправките на автобусите, на работното време, паузите и одморите на возачите, а возачите биле оставени сами меѓусебно да го организираат возењето и да водат сметка за сите обврски кои се должност на одговорното лице во превозникот. Сопственикот на фирмата-превозник не водел сметка за исправноста на аналогниот тахограф и дозволил да се изврши манипулација на овој уред за да не ја регистрира правилно брзината на движење на автобусот. Обвинетиот раководител на возниот парк, пак, давал насоки на возачите каде да го однесат автобусот за да се изврши манипулација на тахографот со цел да избегнуваат казни за сообраќајни прекршоци. Свесни за континуираната техничка неисправност на автобусот, двајцата обвинети не презеле дејствија за поправка на битните делови од системот за сопирање на автобусот, знаејќи дека и во таква состојба автобусот ќе биде прогласен за технички исправен, затоа што техничките прегледи се вршеле во здружение во кое првиот обвинет исто така е одговорно лице-управител. На овој начин двајцата се обвинети дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.2 од Кривичниот законик.

Три други лица, вработени во станицата за технички преглед, се обвинети дека во соизвршителство сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.299 ст.1 од Кривичниот законик. Ним им бил доверен надзорот врз состојбата и исправноста на автобусот, но заеднички, со несовесно вршење на должноста при задолжителен технички преглед, предизвикале опасност за животот и телото на патниците. На 02.07.2018 година, при редовен периодичен шестмесечен технички преглед, воочиле дека е неисправен ABS системот и дека постои недоволна ефикасност на кочењето од 32%, како и разлика од 56% меѓу силите на кочење меѓу левото и десното тркало на втората кочница од втората (погонска) оска. Сепак, во записникот за технички преглед не ги навеле овие неисправности и со свој потпис и печат го завериле записникот за технички преглед, прогласувајќи го возилото за технички исправно. При следниот технички преглед на 18.12.2018 година тие воопшто не го прегледале уредот за сопирање, за кој претходно знаеле дека е неисправен. Повторно изготвиле записник за технички преглед и потврда во кои навеле дека возилото е технички исправно.

Со обвинителниот акт е опфатен и возачот на автобусот на критичниот ден, 13.02.2019 година, кој е обвинет дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.2 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик. Тој го управувал автобусот со 55 патници во него, по средната сообраќајна лента од автопатот „Мајка Тереза“, во правец од Скопје кон Тетово. Кога дошол во близина на селото Ласкарци, при изминување на благ свиок во десно, возел со недозволена брзина од 99 км/час. Притоа брзината не се регистрирала правилно на тахографот, бидејќи обвинетиот го управувал автобусот со вклучен прекинувач за неправилно бележење на брзината. Заради преголемата брзина, изгубил контрола над управувањето со автобусот, започнал лачна траекторија на движење во лево, преминал на левата сообраќајна лента и со предниот лев страничен дел од автобусот удрил во металната заштитна ограда. Преминал преку оградата и продолжил неконтролирано да се движи најпрвин преку средишното зеленило кое ги раздвојува двете сообраќајни ленти, преминал преку заштитната ограда за сообраќајната лента во спротивна насока и преку коловозот во спротивна насока. За ова време успеал да ја намали брзината на автобусот на 67 км/час пред да удри во последната заштитна ограда, но поради недозволената брзина и недоволно ефикасниот систем за кочење, излетал со автобусот 5,5 метри под нивото на автопатот, се излизгал преку регионалниот пат Скопје-Тетово и се превртел на покрив на земјена и тревна површина покрај патот.

Притоа, ценејќи дека постои опасност од бегство на осомничените и дека нивното присуство во текот на кривичната постапка не би можело да се обезбеди со поблага мерка, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и Посебен предлог на шесттемина обвинети, кои во моментов се наоѓаат во куќен притвор, да им биде определена мерка притвор.

Основното јавно обвинителство Скопје, во врска со истиот настан, денеска поднесе и Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека извршило кривично дело – Несовесно работење во службата од чл.353-в ст.4 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Овој обвинет, како одговорно лице во правното лице задолжено да врши проверка и контрола над работата на тахографот во автобусот, иако утврдил дека постои вграден уред за манипулација на апаратот, издал потврда и пополнил налепница со која ја потврдил исправноста и сообразноста со законски пропишаните барања. На овој начин тој очигледно несовесно постапил при вршењето на своите овластувања и овозможил на фирмата-превозник и на одговорното лице во неа да поседуваат доказ за исправноста на тахографот.“

Остави коментар

Leave a Reply

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување:

ИСТРАЖУВАЧКА АНКЕТА:

Дали користите PayPal?

Advertisement
Локални избори 2022пред 1 час

Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи

Гостиварпред 3 часа

Казнети гостиварци кои возеле мотори без кацига и без дозвола

Македонијапред 3 часа

Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја

Македонијапред 5 часа

Поскапува дизелот

Гостиварпред 6 часа

Се‘ е подготвено за прослава на големиот празник Преображение во Гостивар

Вестипред 6 часа

Јапонските власти ги поттикнуваат младите да пијат повеќе алкохол

Гостиварпред 7 часа

Несреќа во Гостивар, повредена малолетничка и 18 годишник

Вестипред 8 часа

Русија бележи пораст од 38 отсто на приходите од извозот на енергенси оваа година, се наведува во владин документ

Гостиварпред 9 часа

Апсење во Гостивар, пронајдени 34 пакувања хероин

Македонијапред 10 часа

Армијата одбележува 30 години постоење

Вестипред 10 часа

Портокалово ниво на опасност, денеска и утре тропски температури

Македонијапред 21 час

Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви

Мевмед Џафери, Маврово и Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ, mevmed
Локални избори 2022пред 24 часа

Интервју со Мевмед Џафери, кандидат за градоначалник на Маврово и Ростуше од ВМРО ДПМНЕ

Што, како, каде?!пред 6 дена

Неверојатни цени само за Вас! – Нов Ултра леток на Ултра Маркети

Што, како, каде?!пред 2 недели

Нова акција со СУПЕР НИСКИ ЦЕНИ во Монтенегро Маркети

Гостиварпред 2 недели

Од денес до недела Галичник филм фестивал

Македонијапред 1 недела

Во автобус кој се обраќал на линија Пореч-Гостивар запленето злато вредно над 600 илјади евра

Гостиварпред 1 недела

Гостивар: Лажно се претставувале како службени лица, со намера да и наштетат на верската заедница

Локални избори 2022пред 2 недели

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со порака до жителите на Маврово и Ростуше: На нашата општина му треба будење и домаќинско работење

Вестипред 2 недели

Путин: Европа треба да и се заблагодари на Турција

Гостиварпред 2 недели

Седум повредени лица во сообраќајка на автопатот Гостивар-Тетово

Гостиварпред 2 недели

Викенд временска прогноза

Вестипред 1 недела

Загина возач на магистралниот пат Кичево – Гостивар

Гостиварпред 1 недела

Во Требиште нарушен јавниот ред и мир со физички напад врз две лица

Гостиварпред 2 недели

Охриѓанец измамен за 19.000 денари, пријавил во ПС Гостивар

Македонијапред 2 недели

Почина актерот Митко Апостоловски

Гостиварпред 3 дена

Завршен настан од Летната школа во Гостивар – Среќни деца, задоволни ментори

Гостиварпред 2 недели

Свеченост по повод празникот Илинден во Гостивар

Гостиварпред 1 месец

Во Галичник ечеа македонски песни во чест на 1 век од раѓањето на Сариевски (Галерија)

Гостиварпред 1 месец

Отворен нов маркет на МОНТЕНЕГРО во Гостивар! Голема акција на дел од понудата

Гостиварпред 2 месеци

Пазар Гостивар: Поевтинети зеленчукот и овошјето, понудата богата и примамлива

Гостиварпред 3 месеци

Весели, разиграни дечиња на приредбата „Збогум градинке“ во Гостивар

Спортпред 3 месеци

Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!

Спортпред 3 месеци

МЗТ Скопје без проблеми во празната Младост против Гостивар 72-85

Спортпред 3 месеци

Пелистер славеше во празна сала со само „пет на пет“ против КК Гостивар

Вестипред 3 месеци

Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер

Спортпред 3 месеци

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 78-70

Гостиварпред 3 месеци

Концерт на гимназијата во Гостивар за успех на матурантите и добредојде на полуматурантите

Гостиварпред 4 месеци

Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена