Гостивар
Подновување во училиштата во Гостивар, ОУ „Исмаил Ќемали“ со реновирани тоалети и кабинети
Периодот додека учениците не одат во училиште поради пандемијата, во гостиварските училишта се користи за зафати и проекти со кои се подобруваат условите во објектите.
Во основното училиште „Исмаил Ќемали“ направена е целосна реконструкција на тоалетите. Нов изглед и опрема се обезбедени и во кабинетите за практична настава по хемија и биологија. Реновирана е и наставничката канцеларија, а направено е и уредување на дворот. Инвестициите се реализира со финансиски средства од буџетот на Општина Гостивар, во висина од околу 50 илјади евра.
„Се работи и во други училишта, како основните „Единство“ и „Мустафа Кемал Ататурк“ во градот, потоа „Лирија“ во селото Вруток, гимназијата и други. Сите инвестиции се финансираат од општинскиот буџет, без никаква помош од Министерството за образование. За училиштата во Гостивар немаат дадено ни едно дени, а не пак денар. Како и да е, ние ќе продолжиме, колку што можеме да инвестираме во училиштата, бидејќи на децата им требаат достоинствени услови“, изјави при денешната посета на училиштето, градоначалникот Арбен Таравари.
Во овој објект на училиштето, кој е централен, настава посетуваат околу 1.000 основци. Директорката Шпреса Усеини истакна дека со реновирањето на тоалетите се решил еден од најголемите проблем за установата, за кој честопати добивале забелешки и од инспекциските служби.
„Благодарност до градоначалникот, општината, Јавните претпријатија Комуналец и Паркинзи и зеленило, без помошта и поддршката од сите нив, немаше да успееме. Ова се можеби мали инвестиции, но навистина големи по значење“, рече Усеини.
На подрачјето на Општина Гостивар има 11 централни основни училишта, 20 подрачни и 4 јавни средни школи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ