Гостивар
Полицијата во Гостивар казнуваше за непрописно престигнување, следи и одземање на возачката дозвола
На поширокото тетовско-гостиварско подрачје вчера (16 март) од 13 до 17 часот беше спроведена уште една од серијата акциски контроли на возачите кои се однесуваат на престигнување, информира полицијата. При контролата биле санкционирани вкупно 26 возачи (Тетово-9 и Гостивар-17) кои непрописно престигнувале на забранети места. На сите возачи-прекршители им се изготвени законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби, а некои од нив и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
Санкционирани, исто така, биле и 11 други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до возачите да бидат посебно внимателни кога престигнуваат, дотолку повеќе што во Полошкиот регион веќе се чувствува зголемена раздвиженост по патиштата, бидејќи во тек се првите подготовки за новата пролетна сеидба на полошките ниви. Како резултат на тоа се повеќе на патиштата, регионални и локални пред се, може да се забележи земјоделска и друга механизација, најмногу трактори и слично.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар