Поврзи се со нас

Гостивар

Полицијата во Гостивар со летоци и совети до возачите: Не користи мобилен телефон додека возиш

Објавено

на

Возачите во Гостивар денес преку летоци и совети беа предупредувани за ризиците од користење на мобилен телефон додека се зад волан. Активноста се спроведе во рамките на заедничката кампања „Вози внимателно и одговорно“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје, полициски службеници од СВР Тетово-Отсек за превенција.

Во летоците кои им се делеа на возачите содржани се пораки со иста основна цел „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Секој човек може да почека“, а во функција на поголема лична и вкупна безбедност во сообраќајот. Ова, дотолку повеќе што зборувањето на телефон и пишувањето на пораки е опасно и ризично, го одвлекува вниманието на возачите и ги доведува во опасност да предизвикаат сообраќајни несреќи.

„Со оваа кампања се очекува да се придонесе за подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите да се воздржат од користење мобилни телефони додека возат и да бидат максимално внимателни и сконецентрирани. Инаку, за користење мобилни телефони при возење минатата година на подрачјето на СВР Тетово биле изречени над 500 законски предвидени мерки.“, наведува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Иста активност претпладнево се реализираше и во Тетово.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена