Македонија
Полицијата апелира матурантите да не возат и да не лудуваат со алкохол и оружје
Во пресрет на матурските прослави кои матурантите нетрпеливо ги очекуваат, СВР Тетово излезе со апел: „Со цел прославите да поминат без безбедносни и други несакани проблеми, Секторот за внатрешни работи апелира до матурантите да се воздржат од користење на сопствените или родителските возила за превоз до угостителските објекти или ако веќе одлучат да ги користат, но само доколку поседуваат валидни возачки дозволи, да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол или без придружник. На матурантите им советува, исто така, доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот“.
Освен повикот да бидат одговорни во сообраќајот, полицијата ги потсетува младите да не го нарушуваат јавниот ред и мир во и околу училиштата или угостителските објекти, со пуштање прегласна музика, пукање од оружје, неовластено приредување огномети и друго.
Секторот за внатрешни работи Тетово посебно нагласува-матурантите сериозно да ги сфатат и да се придржуваат кон овие превентивни, добронамерни апели и препораки и совесно и одговорно да ги применуваат за нивна лична и заедничка безбедност.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените