Рецепти
Полнети ќофтиња, за мераклии на јадења со мелено месо

Ќофтињата се едно од омилените месни јадења во голем дел од домашните кујни. Ова е идеја плус за како ги да подготвите на поинаков начин.
состојки:
1 кг. мелено месо
2 чешниња лук
1 главица кромид
200 гр. кисели краставички
1 јајце
1 лажица лебни трошки
200 гр. кашкавал
сол, мешан сув зачин, бибер, буковец, магдонос
подготовка:
Меленото месо го замесуваме со јајце, ситно насецкани кромид и лук, лебни трошки и зачините. Краставичките и кашкавалот ги сецкаме. Земаме од месото го растегнуваме во рака и ставаме од сецканите кашкавал и краставички. Го затвораме и формираме ќофте. Иста постапка се повторува со целото мелено месо. Потоа во намрсена тава ги редиме ќофтињата. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
По желба и вкус можете да додадете доматен сос во тавата пред печење.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022