Рецепти
Торта готова за 15 минути

Брз, сочен, премногу едноставен десерт готов за 15 минути. Идеален кога ќе ве изненадат гости, со лесен и освежителен вкус. Во овој рецепт ние предлагаме да користите малини, но можно е да го направите со било кое друго овошје што го имате или ви се допаѓа.
Потребни состојки :
500 мл слатка павлака
200 гр шеќер во прав
500 гр кисела павлака
300 гр малини или некое друго овошје (количината може да биде по избор, како и видот на овошјето, но не помалку од 300 гр, најдобро е киселото овошје)
500 гр мелени бисквити или плазма
Подготовка:
Изматете ја слатката павлака, додадете ги киселата павлака и шеќерот во прав и повторно изматете. Потоа додадете ги мелените бисквити или плазма и замрзнатите малини (или било кое друго овошје) и измешајте сè.
Смесата треба да е малку помека, а ако смесата е густа, додадете половина чаша млеко. и измешајте.
Покријте го калапот со фолија, а потоа протресете ја целата смеса и израмнете.
Оставете го овој колач неколку часа во фрижидер. Кога треба да се извади од фрижидер целата смеса се врти на другата страна.
Украсете по желба.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022