Поврзи се со нас

Македонија

Помош од 7,5 милиони евра за угостителите и туристичките работници – пријавување уште 10 дена

Објавено

на

Министерството за економија започна со реализација на пет мерки од четвртиот сет кои се директна поддршка за туристичките и угостителските работници кои беа погодени со пандемијата од Ковид-19. Мерките се донесени во консултација со приватниот сектор и сметаме дека ќе бидат многу значајна поддршка, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

Петте мерки, како што кажа министерот, се: Враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти, Грантови за туристички агенции, Грантови за категоризирани ресторани за свадби, Грантови за игротеки, и Грантови за лиценцирани туристички водичи.

-За реализација на сите пет мерки Министерството за економија со ребалансот на Буџетот има обезбедено средства во износ од  459,65 милиони денари денари, односно 7,5 милиони евра. Рокот на аплицирање за овие пет мерки е 27 ноември, а финансиската поддршка ќе биде исплатена до крајот на годината, истакна Бектеши.

Со цел почитување на сите здраствени протоколи, потенцира министерот, реализацијата на мерките ќе се спроведува преку платформата www.domasiedoma.gov.mk  или www.pushimenevend.gov.mk на која апликантите ќе можат да ги поднесат нивните барања и потребна документација онлајн. На платформата се прикачени и јавните повици и програмите

1. Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички водичи
2. Јавен повик за издавање на грантови за лиценцирани туристички агенции
3. Јавен повик за издавање на грантови за ресторани за свадби
4. Јавен повик за издавање на грантови за игротеки
5. Јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2019 година на сите категоризирани угостителски објекти

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена