Гостивар
Порака за единство и сплотеност од Гостивар на Меѓународниот ден на Ромите

По повод Меѓународниот ден на Ромите, кој се одбележува на денешен датум-8 април, од собир во Гостивар беа испратени честитки до ромскиот народ и порака за единство и сплотеност.
„Ако зборуваме генерално во нашата држава, Ромската заедница е најмаргинализирана, најдискриминирана, може да видите дека ниедна висока позиција во дравната администрација и управа не ја поседуваат Роми. Сепак, не би сакал многу да ззборувам за политиката денес. Сакам да го честитам 8 април, Меѓународниот ден на Ромите, којшто претставува историски ден за нас Ромите. Ние секоја година го празнуваме овој ден во Гостивар со некоја активност, проект, што за другите заедници претставува нешто нормално, а ние сме принудени на вакви начини да ги изнесуваме нашите потреби. Денес од тука ние Ромите ја испраќаме пораката дека Ромите во Гостивар биле и секогаш ќе бидат единствени и сплотени“, изјави Кашмир Салиу од Демократски сили на Ромите.
Честитки по повод празникот упати и претседателот на Советот на Општина Гостивар Валбон Лимани.
„Чест и задоволство ни е што сме денес заедно со нашите сограѓани Роми, по повод Меѓународиот ден на Ромите. Испраќаме јасна порака, како општинска администрација дека секогаш ќе бидеме поддршка на нашите сограѓани Роми и секогаш ќе тежнееме да ги подобруваме условите во населбите кадешто живеат“, рече Лимани.
На одбележувањето во населбата Грудајца беше присутен советникот во општинскиот Совет, Фирдаус Ајдари, како и претставници на Еснафското здружение на Ромите од Гостивар.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?