Вести
Последен воз да се спасат 3 милиони денари за подобар живот на Ромите во Гостивар
Грант од три милиони денари, наменет за инвестиции во ромски населби во Гостивар ќе пропадне, доколку до крајот на месецов не се усвои Локалниот Акциски план за Ромите, алармираат граѓани и невладиниот сектор. На последната седница на Советот на општина Гостивар, Акцискиот план беше повлечен од дневен ред од страна на советникот Кашмир Салиу, со образложение дека истиот треба да се дополни.
Од хуманитарното здружение „Месечина“ велат дека e направена огромна штета врз ромската популација во Гостивар и го повикаа Советот да ја поправи грешката.
„Ние како ромска невладина организација и ромското население со кое контактираме имаме замерено многу на советниците кои гласаа за повлекување на Акцискиот план. Тоа беше нелогичен чекор, а самиот советник што предложи повлекување, учествуваше во креирањето на планот. Огромна штета е направена, а тоа е недобивање на веќе обезбеден грант од Министерството без ресор надлежно за спроведување на Стратегијата за Ромите. Тие три милиони денари требаше да се искористат за урбанизација на најзагрозената населба кадешто живеат Роми, Дупка и асфалтирање на една улица со претежно ромско население. Ги повикуваме советниците до крајот на овој месец да успеат да се состанат за доброто на ромската заедница, да го донесат Локалниот Акционен план, со кој ќе овозможат искористување на парите. Тоа е последната шанса“, изјави Мухамед Точи, претседател на „Месечина“
Точи нагласи дека усвојувањето и самото спроведување на Локалниот Акционен план е обврска на општината, а невладиниот сектор има улога да помага и придонесува во неговото остварување.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди