Вести
Посна верзија на познатата руска салата
Оваа салата се подготвува насекаде во светот, но има различни имиња. Во Македонија се вика руска, а во Русија се нарекува Оливие. Кај нас е кралица на куќните слави, а редовно се прави и за големите празници. Еве една посна варијатна на руска салата.
Потребни состојки:
-1кг компир
-800гр морков
-300гр шампињони
-1 мала конзерва грашок
-300гр растителен кашкавал
-една тегла кисели краставички
-300гр растителен кашкавал
-1 тегла посен мајонез
Компирот и морковот се варат, па изладени се сецкаат на ситни коцки. Грашокот и шампињоните се цедат на цедалка за да немаат вода. Краставичките и кашкавалот се сецкаат ситно. Се мешаат убаво и се посолуваат. Најпогодно е мајонезот да се става по потреба пред сервирање, за да не пушти вода. Оваа доза е предвидена за слави и други домашни прослави, а секој може да си ја намали дозата според потребата.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди