Поврзи се со нас

Гостивар

Постапки против угостители и возач во Гостивар кои прекршиле антиковид прописи

Објавено

на

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапки против три физички и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.

Како што соопшти обвинителството еден од обвинетите, во својство на автопревозник, вработен како шофер на мини-автобус, не постапил според прописите со кои се определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, па дозволил превоз на поголем број патници од дозволениот.

Вториот обвинет, сопственик на угостителски објект – пицерија, не го почитувал ограничувањето на работното време и послужувал гости спротивно на прописите за спречување на ширењето на коронавирусот.

За овие двајца обвинети, надлежниот јавен обвинител на Судот му достави предлози за издавање казнени налози со кои предложи парични казни од по 100 дневни глоби.

За третиот обвинет – управител и за правното лице – слаткарница од Гостивар, поднесен е Обвинителен предлог, бидејќи не ги почитувале здравствените прописи и послужувале гости надвор од дозволеното работно време.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена