Поврзи се со нас

Регион

Повредени двајца македонски ученици во земјотресот во Турција

Објавено

на

Повредени се двајца македонски ученици во земјотресот во Турција. Едниот ученик има скршеница, а другиот полесни повреди, информира Министерството за надворешни работи.

Во југоисточна Турција каде утринава беше регистриран силен земјотрес се наоѓаат вкупно девет македонски државјани, осум ученици и нивниот ментор кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција и не се во животна опасност,

„Нашите претставништва обезбедија информации и стапија во контакт со деветте наши државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Република Турција. Како последица од земјотресот, двајца од учениците се здобиле со телесни повреди: едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање – додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и менторот не е во животна опасност“, соопшти МНР.

Оттаму посочуваат дека досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција.

„Нашите претставништва остануваат континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Кахраман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции. Ја користиме приликата уште еднаш да посочиме дека нашите дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“, стои во информацијата од МНР.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена