Вести
Православните христијани слават Тодорова сабота
Првата сабота по празникот Прочка, во православното христијанство е Тодорова Сабота или Тодорица. Овој ден верниците го слават како празник на приврзаноста кон велигденскиот пост и спаѓа во оние празници што немаат постојан датум, туку зависат од Велигден. Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Теодора, Теодор, Божидар (од Тео-Бог и дар).
Празникот е востановен во чест на јавувањето на св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник, кој се обидел да ги намами христијаните да јадат храна попрскана со крв од животни за време на великиот пост.
Со Тодорова Сабота се врзани повеќе обичаи и традиции. Во Гостивар, во минатото на овој ден доаѓале девојките и ергените од соседните села, дотерани во празнична носија, заедно со своите родители и шетале низ градот. Тоа било можност и за запознавање и за бендисување, па овој ден постарите го паметат како ден на бендисувањето, односно како метафора на љубовта.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ