Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Пред Велигден инспекторите во засилени контроли на месо, јајца, бои за јајца

Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби вршат засилени контроли кај операторите со храна во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на храна. Со контролите се опфатени маркетите, угостителските објекти, специјализираните продавници за јајца, како и месарниците и зелените пазари.

„Ќе се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната кои се однесуваат на нејзино чување, одржување на ладниот ланец во транспортот и прометот, како и тоа дали означувањето на храната е во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за информации поврзани со храната. Инспекторите за храна ќе вршат контроли и на безбедноста на бојата за јајца која се продава во регистрираните објекти за продажба на храна и на зелените пазари. Со контролите ќе бидат опфатени и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца“, известува АХВ.

Надлежните апелираат до граѓаните да купуваат јајца, бои за јајца и друга храна исклучиво од регистрирани производители/увозници, која е соодветно означена. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната може да се пријави во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Advertisement
Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!