Поврзи се со нас

Локални избори 2017

Прес на Дамјановска од СДСМ: Гостивар заслужува поквалитетно образование и здравствени услуги

Кандидатката за советник во Советот на Гостивар, втора на листата на СДСМ, Соња Дамјановска денес одржа прес конференција на која ги презентираше поважните проекти со кои излегоа пред гласачите на Локалните избори.

„Гостивар заслужува поквалитетно образование и здравствени услуги. Ќе изградиме нова амбуланта и нова градинка во населба Циглана. Ќе ги подобриме условите во постојните градинки. Ќе обезбедиме чисти и загреани училишта каде што учениците во рака ќе држат молив и гума, а не чадор затоа што им прокапува покривот како во О.У. Гоце Делчев, еве веќе 4 години. Конечно ќе обезбедиме реконструкција на покривот таму! Училиштата ќе ги опремиме со нови наставни средства и ќе го обновиме инвентарот! Нашата програма предвидува гасификација, со која во Гостивар ќе се намали загадувањето на воздухот, а на граѓаните ќе им се намалат трошоците. Ќе се справиме со сообраќајниот хаос, преку неколку инфраструктурни проекти. Ќе изградиме нов секојдневен затворен пазар во чиј склоп ќе функционира катна гаража. Ќе изградиме повеќенаменски спортски терени, ќе го прошириме булеварот Браќа Ѓиноски, ќе изградиме нов пат од населба фазанерија до манастирот Преображение, ќе изградиме целосна канализациона мрежа во населба Млаки, Чајле, Форино и Здуње, ќе поставиме мерна станица за аерозагаденост на воздухот“, рече Дамјановска потенцирајќи дека локалните избори се можност промените да станат целосни и како што рече граѓаните да ги освојат своите општини.

„Животот во Македонија, мора да стане и живот во Гостивар за сите. Преку нашата одговорна, транспарентна и домаќинска власт, секој граѓанин ќе добие решение кое ќе му го подобри животот во општина Гостивар“, изјави кандидатката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!