Локални избори 2017
Прес на СДСМ-Гостивар во пресрет на празникот 11 Октомври

„11 Октомври е ден на македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот“, порача на денешната прес конференција, носителот на листата за советници за Гостивар од СДСМ, Зоран Ангелов. Пресот, по повод утрешниот празник се одржа пред споменикот на паднатите борци од НОВ, во градскиот парк.
„На овој голем празник уште еднаш да се потсетиме дека борбата на денешните генерации гостиварци треба да биде посветена на економскиот просперитет. Борба за секое новоотворено работно место. Вложување во образованието, здравството, инфраструктурата, во изградба на патишта. Борбата на денешните и идни генерации продолжува да ги направиме Гостивар и Македонија попросперитетно место за подобар живот за сите граѓани“, рече Ангелов упатувајќи честитка до граѓаните за празникот.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!