Поврзи се со нас

Спорт

Пресметка на колото: КК Гостивар – ТФТ Скопје во Младост од 19 часот

Објавено

на

Викендов се игра 7.коло од Првата македонска кошаркарска лига кое започна вчера со дуелот помеѓу Работнички и ФМП Академија. Во Младост во Гостивар денес од 19 часот ќе се судрат екипите на КК Гостивар и ТФТ Скопје.

Екипата од Тафталиџе влезе оптимистички во новата сезона со амбиции за висок пласман. Во досегашниот дел од првенството имаат 5 победи и 1 пораз, ги совладаа екипите на Кожув, Еуроникел, Куманово, МЗТ 2 и Ангели, единствениот пораз им го нанесе Работнички. ТФТ Скопје е учесник и во БИБЛ лигата каде бележи добри резултати, во последните два меѓународни дуели избраниците на Боро Смилковски ги совладаа екипите на Акедемик Пловдив и Берое од Бугарија.

КК Гостивар во овој дуел влегува по шок-поразот од екипата на Феникс во минатото коло, гостиварци имаа мини серија од 4 победи совладувајќи ги екипите на Куманово, МЗТ2, Работнички и Ангели, ги загубија бодовите против Еуроникел во првото коло и Феникс. Избраниците на тренерот Јончески во последниот дуел покажаа две од крајност во крајност различни претстави, каков жанр имаат подготвено за денес, ќе дознаеме по завршување на дуелот.

Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на овие две екипи во Првата лига, двете страни имаат по една победа. Едно е сигурно дека и двата тима играат квалитетна, брза и атрактивна кошарка. „Црно-белите“ Хортон, Костоски, Харис, Маслинко наспроти „бело-сините“ Ворку, Тодоровиќ, Ефремовски, Јанески се сигурен влог за непредвидлива 40 минутна, кошарака пресметка во Младост.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена