Поврзи се со нас

Деца Родители

Семејните приходи може да бидат причина за недоразбирања во бракот (стил и квалитет на живеење)

Објавено

на

 

Општа тенденција е брачниот партнер кој во семејството осигурува поголем ден од семејниот буџет, да има повеќе права и привилегии. Многу партнери за економскиот придонес  очекуваат и благодарност, па дури понекогаш се бара и безусловна потчинетост од страна на другите членови на семејството. Таков однос може да прерасне во желба  за контрола и доминација над другиот партнер, што не преставува добра основа за квалитетен брак.

Со меѓусебно почитување и уважување на новата улога, брачните партнери полесно ќе се справат со реалните обврски. Распределбата и трошењето на семејните приходи можат да бидат причина за почетни недоразбирања кои лесно можат да се пренесуваат и на другите подрачја на заедничкиот живот.

Причините за невработеноста на еден или другиот брачен партнер можат да бидат различни, тие може да бидат објективни или субјективни. Меѓутоа во семејството никогаш не би требало да се прави разлика меѓу партнерот кој е вработен со оној кој не е вработен и ги извршува домашните обврски. Во денешните општествени услови благодет е доколку и двајцата партнери се вработени. На тој начин полесно ќе се остварат заедничките и индивидуалните потреби и интереси.

Доколку едниот од партнерите е против на вработување на брачниот партнер тоа е знак дека ппостои сериозен проблем во нивниот меѓусебен однос. Правото на самостоен избор на работата и занимањата на секоја личност е едно од основните човекови права.

Има семејства кадешто едниот од партнерите реално постигнува поголем успех во работата, жртвувајќи го при тоа времето што треба да го помине во кругот на семејството. Затоа треба да се води сметка заради успехот во работата, кариерата и заработката да не се жртвува и семејната заедница. Тогаш другиот партнер има потреба но и право да побара еднакво внимание да се посветува и на семејството.

Сепак, постојат ситуации кога еден од сопружниците привремено е зафатен со неодложна работа. Затоа трпението,толеранцијата и разбирањето се начини да се надминат вакви повремени притисоци, така партнерот полесно ќе се опушти во семејното опкружување, среќен што има разбирање за неговите професионални обврски.

Взаемните желби за подобрување на квалитетот на живеењето се доволен мотив за да се осмисли финансискиот план, ваквиот начин дава можност да се изразат меѓусебните ставови и мислења. Реално е притоа, понекогаш да произлезат и несогласувања, но затоа е важен начинот на нивното усогласување. Доколку целта е иста, реалното согледување придонесува кон побрзо и полесно осмислување на заедничкиот модел, како и кој ќе ја води семејната благајна и евиденцијата на потрошените средства.

(Следува – Семејни кризи)

 

пишува:м-р Слаѓана Анѓелкоска, психолог

Советувалиште за брак и семејство

Центар за социјална работа Гостивар

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 9 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 10 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 13 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 15 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 16 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 18 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 19 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 20 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена