Поврзи се со нас

Македонија

Продолжено лето, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември

Објавено

на

Есента 2022 година се очекуваат просечни температури на воздухот и сушна сезона со врнежи под просекот. Условите Ла Ниња вообичаено носат поле на висок притисок во Атланскиот Океан што нема да дозволи големи варијации на температурите на воздухот. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа се очекува есенските температури да бидат малку повисоки од просечните. За територијата на Македонија постои поголема веројатност за мало позитивно отстапување на температурите на воздухот (околу +1°C од просечните).

Ова го соопшти Управата за хидрометеоролошки работи согласно прогностичките материјали што ги презема од Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и останатите светски прогностички центри.

– Не се исклучува можноста до крајот на септември да имаме продолжеток на летото, потопол период и постепено заладување во октомври и ноември. Поради Ла Ниња условите можна е појава на студени бранови во доцна есен. Се пореални се очекувањата дека во есента ќе продолжи трендот на негативни отстапувања во однос на просечните количини на врнежи, како што беше и досега. Се очекува целиот југоисточен регион на Европа да има сушна есен и подпросечна количина на врнежи. Во Република Северна Македонија најголемо негативно отстапување на врнежите за оваа сезона се очекува да биде во октомври, посочуваат од УХМР.

Просечна есенска температура на воздухот (септември-октомври-ноември) во период 1981-2010 г. се движи во граници од околу 8,0°C во планинските предели до 16,9°C измерена во Гевгелија, а просечните есенски суми на врнежи се од 127,0mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 326,6mm во Лазарополе. Сезонскиот изглед на времето е научен пристап кој овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи, информираат од УХМР.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 11 часа

Се урна хеликоптерот на претседателот на Иран

Гостиварпред 17 часа

Сообраќајна несреќа во Гостивар: Повредени пет лица, оштетени пет возила

Спортпред 20 часа

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Спортпред 2 дена

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 2 дена

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 2 дена

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 2 дена

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 3 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 3 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена