Поврзи се со нас

Гостивар

Продолжува да паѓа бројот на раѓања во Гостивар, расте интересот за ВИП собите

Објавено

на

Трендот на намалување на наталитетот во Гостивар продолжува и годинава. Бројот на новороденчиња континуирано бележи пад. Статистиката на гинеколошко-акушерското одделение во гостиварската болница покажува дека во првите шест месеци од годинава, има 33 раѓања помалку, споредено со истиот период 2022-ра година.

„Општа оценка е дека 10-тина години наназад бројката на раѓања, за жал се намалува. Заклучно со 3 јули годинава имаме 210 новородени, а лани до ист датум имало 243. Ако вака се движи трендот, може да очекуваме дека до крајот на годината разликата можеби и ќе надмине 50. За причините за пад на наталитетот сме зборувале милион пати, и тие се комбинирани, не може да речеме дека главна причина е тоа и тоа.“, вели раководителот на одделението д-р Агим Јакупи.

Од минатата година на одделението функционира и ВИП зона со еднокреветни соби опремени со сопствен тоалет и телевизор, кои може да се користат со плаќање. Се‘ повеќе родилки сакаат да ја користат оваа услуга, велат гинеколозите.

„Интересот на пациентките кои сакаат да ја користат ВИП зоната е голем, има раст на бројката на родилки со такво барање и интерес. Задоволни се, добиваме пофалби. Третманот од страна на персоналот за сите мајки е ист секако, но овие соби им даваат така да речеме, еден личен спокој, мир малку повеќе. Условите се подобри, затоа и се направени како ВИП зона со плаќање.“, вели д-р Јакупи.

Од вкупниот број родилки на гинеколошко-акушерското одделение во Гостивар, околу 10 до 12 % ги користат ВИП собите.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува

Гостиварпред 2 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 1 недела

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж

Гостиварпред 4 недели

Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче

Гостиварпред 3 недели

„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ на Gostivarpress.mk со Велко Бобароски, претседател на Здружение на дијабетичари во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница

Гостиварпред 2 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 2 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 3 недели

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 3 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена